Интернетот е одличен извор на информации кој секојдневно го користи скоро целата популација во светот. Денес интернетот ни е потребен во нашиот живот поради потребата на информации за светот како и за работни обврски. Но,интернетот не е достапен само на возрасните. Тој е достапен и на децата, кои, љубопитни за интернетот, веднаш можат да влезат во светот на игри, сајтови, блогови итн. Денес се повеќе тинејџерите, поради современите страници како Facebook, Twitter и други се повеќе се потпираат на интернетот поради можноста на комуникацирање со своите пријатели преку овие страници.
Но денес поради таа причина се повеќе тинејџери можеш да ги сретнеш во нивната соба на компјутер отколку надвор со своите пријатели.
Тоа е една од многубројните грешки што ги прават, поради тоа што наместо да излезат и да социјализираат, тие го основаат својот живот околу интернетот. Тука постои и друга поголема опасност:
бидејќи во овие страници ние би можеле да создадеме како круг на пријатели каде само со нив би можеле да комуницираме, но тоа не значи дека не би можело и некој непознат да се обиде да се вклучи во нашиот круг на пријатели. Ние би можеле да помислиме дека е обично дете како нас, или некоја доврелива личност,но тоа е грешка што не треба да ја направиме.
Ако лесно ја дадеме нашата доверба кон непознат човек, тој би можело да го злоупотреби. Постојат тн. интернет предатори, кои би можеле да добијат многу приватни информации само со вклучување на луѓе во нивните пријатели. Повеќето од нив ги користат за да ги уценуваат тие личности дека се нивни пријатели, дека тие ја сваќаат нивната ситуација и со самото тоа ја добиваат довербата на други луѓе. Такви случаеви се многубројни и секојдневно се зголемуваат. Еден од нив е случај на напад на 13 годижно девојче од страна на 38 годишен маж. Девојчето, преку интернет се спријателило со возрасниот маж, кој потоа ја злоупотребил. Иако бил осуден, сепак тоа не била единствената мерка што ја презела власта.Тие одлучиле наставниците да се грижат за децата во училишта под 14 години и за нивната безбедност додека се во училиште. Истотака тие не смеат да создадат свој профил на интернет ако се под 14 години. Но тоа не го спречува теророт на сајбер – насилниците. Децата може да станат жртви на сајбер-насилници кои се обидуваат да ги збунат и заплашат децата преку интернет, а потоа и да ги злоупотребат на некој начин, па дури и психички или физички да ги повредат. Денеска децата поради овие страници забораваат за надворешниот свет и за опасностите во спријателување со непознати. Наместо да се сретнуваат со лица надвор, тие создаваат свој свет во кој мислат дека е безбедно. Понекогаш дури и нашите сами пријатели би можеле да не предадат преку ставање на приватни слики од нас. Децата се особено подложни поради нивната детска отвореност, наивност и неискуство, но и возрасните бидејќи за голем дел од нив интернетот претставува нов и непознат медиум.
Истотака, интернетот е свет во кој не постојат граници. Тоа значи дека иако ни е потребен за информации, сепак содржи и вознемирувачки страници, на кои несакајќи би можело некој да влезе во таква страница и да се запознае со работи кои не се за нивна возраст.
Затоа, ако сакаме да се заштитиме, најдобро е да ги знаеме основните правила за заштита од интернет предатори:
Никогаш да не давате лични податоци на интернет, како твоето име, адресата, телефонскиот број, возраста, расата, името на училиштето или локацијата на училиштето, имињата на пријателите, нашите омилени места и сл. Сите овие се лични информации и треба да се чуваат како приватни, т.е. да не се делат со кого било, а особено не со луѓе кои ги познаваш само преку интернет.
Никогаш и никому не ги кажувај лозинките што ги користиш на интернет, дури ни на своите пријатели.
Никогаш да не одиш да се запознава во живо со некој онлајн пријател кој го познаваш само преку интернет, освен ако не се согласат твоите родители дека е во ред да одиш. Дури и тогаш – оди со некој од твоите родители ини со некој друг во кој имаш доверба.
Никогаш да не се одговараaт на пораки кои прават да се чувствувате непријатно. Треба да се игнорираат овие пораки и да се прекине комуникацијата со тој што ни ги испраќа.